Спасовски за инцидентот во „Ист гејт“: Имаме осомничени, се прибираат докази

news
Advertisement

Министерот кажа дека се работи интензивно во насока на прибирање на информации и докази за инцидентот во рамки на посебниот штаб кој е формиран во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, а оти јавноста ќе биде известена за сите новости во врска со пукањето во скопскиот трговски центар
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека веќе постојат осомничени лица кои би можеле да се сторители на вооружениот инцидент во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“ кој се случи пред три дена, а во кој се ранети две лица. Тој ова го изјави во вестите на Канал 5, прашан во врска со истрагата за инцидентот.

Advertisement

Министерот кажа дека се работи интензивно во насока на прибирање на информации и докази за инцидентот во рамки на посебниот штаб кој е формиран во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.

„Секако дека идејата и една од можностите при криминалистичките истраги е да преку објавување на фотографијата да се добијат што е можно повеќе докази за една таква работа и токму затоа е преземен тој чекор. Во тој правец сметам дека секоја потврдена вест, информација којашто доаѓа од институциите е вистинската информација. Така, многу шпекулации, многу пишувања по социјалните мрежи имало и ќе има – меѓутоа важно е тие информации да ги добиваме од релевантните институции. Секогаш кога ќе имаме нешто ново ќе излеземе во текот на истрагата“,

вели Спасовски.
Еден ден по вооружениот инцидент, министерот изјави дека граѓаните не треба да стравуваат по безбедноста кога се движат по јавен простор. Оцени дека инцидентот е изолиран случај и дека се работи за криминална пресметка.

Пукањето во скопскиот трговски центар „Ист гејт“, во кое се ранети две лица, е второ во период од два месеца. Неофицијално, цел на пукањето повторно бил Раде Трајковски – Штекли кон кого, во истиот трговски центар беше пукано кон крајот на август годинава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.