Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот со двојното убиство, рече дека МВР целосно го има расчистено случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
„И тогаш кажав и сега повторувам дека случајот од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен во целост, за сите други аспекти од истрагата ќе се обратите во Обвинителството“, истакна Спасовски.
Министерот дециден дека случајот е комплетиран од страна на Министерството, но доколку се процени истрагата да се прошири и да се добијат други барања и насоки од страна на Обвинителството, во тој случај, како што рече Спасовски, МВР е тука да постапува.
Извор. https://tocka.com.mk/vesti/467752/spasovski-za-slucajot-so-dvojnoto-ubistvo-od-aspekt-na-mvr-e-celosno-rascisten-dokolku-istragata-se-prosiri-mvr-ke-postapi