Спасовски: Напад врз припадник на македонската полиција е напад врз државата

news
Advertisement

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денес во струшката болница го посетија повредениот началник на ОВР Струга Д.А врз кого вчера беше извршен обид за убиство, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Advertisement

Министерот го повтори својот став дека напад на припадник на македонската полиција е напад на државата, поради што мора да има најстроги санкции за тој кој ќе се осмели да изврши таков чин на насилство, соопшти МВР.“Насилството е последното прибежиште на криминалците, последниот обид да ги заплашат оние кои се задолжени за спроведување на законот. Затоа казната од правосудните органи треба да е брза, навремена, строга и без отстапки. А последниот удар на полицијата до конечна пресметка со криминалот – најсилен”, рече Спасовски.

Според информациите од Министерството началникот на струшката полициска станица е во стабилна здравствена состојба.

„Вчера околу 17.35 часот на ул. ‘Ристо Крле’ во Струга осомничениот С.Н. со своето возило му го попречил патот на Д.А., кој бил во неговото возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош“, соопшти МВР.

Полицијата потоа го уапсила С.Н. (44) од струшкото село Велешта поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

„По преземените оперативни мерки против С.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“ и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје“, соопшти МВР.Од МВР велат дека министерот Спасовски му посакал што поскоро опоравување на повредениот началник.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.