Спасовски: Општа Болница Куманово до крајот на годината добива мамограф

news
Advertisement

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:
Денеска во мое Куманово присуствував на ревијална трка по повод Месец на борба против рак на дојка, во организација на Форум на жени СДСМ Куманово, како заокружување на активностите во рамки на оваа кампања за подигање на свеста од оваа малигна болест.
На мое големо задоволство, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, информираше за проектот на Светска Банка преку кој кумановската болница ќе добие нов мамограф.
Како СДСМ продолжуваме со подигање на свеста за рана детекција на болеста, како и со системско унапредување во делот на пристапот и квалитетот на здравствена заштита – во нашата држава повеќе нема пациенти со малигна болест за кои нема терапија!

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.