Спасовски очекува брза екстрадиција на Палевски

news
Advertisement

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечерашната прес-конференција потврди дека во Турција е уапсен Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и убиството на велешанецот Панче Жежовски. Спасовски очекува екстрадиција на Палевски многу брзо.

Advertisement

„Она што сакам лично да го споделам, како посебна обврска, најнапред како човек и како родител и граѓанин на Македонија, која живее во длабока жалост, е штотуку добиено известување од колегите на пријателска Турција, дека главниот координатор и директен извршител на овие дела е фатен и лишен од слобода на нивна територија согласно на патеката движењето на осомничениот. Тоа беше последната алка на овој грозоморен чин.

Знаете дека беше распишана потерница за лицето Љ.П. од Скопје, по издадена наредба од ОЈО – Скопје, црвена потерница која во истиот момент стана видлива во целиот Свет, и сите земји членки на Интерпол. Но, врз основа на наши сознанија, каде се движи бараното лице, не застанавме на тоа, туку продолживме со билатерална комуникација за фаќање на овој монструм“, рече Спасовски.

Извор. https://www.slobodenpecat.mk/spasovski-ochekuva-brza-ekstradicija-na-palevski/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.