Спасовски: Се вештачи оружјето поврзано со двојното убиство

news
Advertisement

„Се вештачи оружјето поврзано со двојното убиство, споделувањето повеќе информации не е добро за истрагата“, вели Спасовски.

Advertisement

И покрај секојдневните прозивки од опозицијата околу наводни пропусти околу истрагата за двојното убиство, министерот за внатрешни Оливер Спасовски веќе не сака да коментира за случаите, а за сите прашања поврзани со движењето на ситроенот на Панче со кој била киднапирана Вања а потоа и запален, првоосомничениот Палевски како и останатите осомничени, Спасовски упатува на обвинителството. Единствено рече дека во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје кои се најдени и се поврзуваат со убиствата.

-Сите овие детали се разгледуваат во Основното јавно обвинителство на основа на прибраните податоци или на податоци, коишто ќе ги прибере јавното обвинителство. Така да не би можел да споделувам повеќе информации и тоа не е добро за истрагата, зошто не можеме да ја водиме во медиумите. Таа мора да се води во јавното обвинителство. Сите тие информации како и вештачењата кога ќе бидат завршени ќе бидат доставени до Јавното обвинителство. – Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи

За информациите во јавност дека инспектор кој што е поврзан со истрагата давалл информации на познаници и пријатели и дека низ цело Скопје се шират фотографии и разни детали кои може да ја компромитираат истрагата, Спасовски најави дека доколку се потврди тоа ќе се бара одговорност.

-Затоа уште повеќе потврдувам дека тоа не е добро, за било каква активност којашто е нелегална и од било кого, дали е инспектор или било кој друг, секако дека ќе си сноси одговорност, доколку постои такво нешто. Меѓутоа не би сакал на ниво на шпекулации, посебно за еден ваков случај да зборувам. – Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи

Една недела по прес-конференцијата на Бубевски, од скопското обвинителство не соопштуваат нови информации за текот на истрагата.. Петтемина осомничени кои добија триесетдневен притвор се сместени во изолирани ќелии во истражниот затвор во Шуто Оризари, каде според најавите во следните денови ќе ги посети народниот правобранител за да ги провери информациите што се проширија во јавноста дека биле физички малтретирани пред да ги признаат своите улоги во случаите, а за првоосомничениот за убиствата, Љупчо Палевски Палчо се чека екстрадицијата од Турција..

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.