Според Битиќи чипсот и сладоледот поскапеле зашто се нездрава храна, а цената на цвеклото може да се ревидира

news
Advertisement

Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека не е точно дека има зголемување на цените на над илјада производи. Рече дека со мерката се опфатени 358 категории на производи.

Advertisement

Не знаеше да одговори зошто ајварот останува со 5 отсто, а лутеницата со 10 отсто зголемување на цената. Не сакаше да дефинира што е луксуз, но рече дека може да се работи за пропуст и дека за десетина производи не е проблем да се направи измена.

За чипсот, гумите за џвакање, сладоледот, тој кажа оти спаѓаат во категоријата на нездрави производи затоа што има повисока шеќерна вредност и не смета дека е основен прехранбен производ. За цвеклото пак како здрава храна и е со 10 проценти, Битиќи додаде дека ќе се ревидира.

Во однос на цената ја јајцата и оризот тој кажа дека таа цена е поадекватна во овој временски период.

– Ние не ги носиме мерките на штета на едните или другите. Мораме да донесеме мерки кои што ќе ја ублажат кризата и нема да нанесат штета на производителите, рече Битиќи.

Тој додаде дека маркетите треба да започнат од денеска да ги менуваат цените на производите.

Најави дека Владата во вторник закажала седница, на која може да се ревидира одлуката.

„Не гледам голем проблем за корекција на десетина производи“ истакна Битиќи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.