Според градоначалникот – обид за киднапирање во Карбинци, а според полицијата – покана за кафе на ученичка

news
Advertisement

Паника, страв и вознемиреност имаше денес во карбинското основно училиште “Страшо Пинџур” по неуспешниот обид за киднапирање на две деца.

Advertisement

Според градоначалникот на општината, Виктор Паунов утринава околу 9 часот и 30 минути имало обид за грабнување на двајца соученици, од шесто и деветто одделение, но истиот бил спречен од други ученици и персонал на училиштето.

Алармот е вклучен, снимките од безбедносните камери се анализираат, а мотивoт и сторителот засега не се познати, но безбедноста мора да биде на повисоко ниво, бидејќи во оваа општина последните неколку години речиси и да не се чувствува присуство на полициски службеници, додава Паунов. Тој посочува дека досега немало вакви случаеви, не не посакуваат ниту да има. Меѓутоа, од една страна градоначалникот тврди дека имало обид за киднапирање, а од друга страна, пак, СВР Штип најостро ги демантира ваквите тврдења. Според нив, момче во своето возило поканило ученичка за да одат на кафе, а шпекулации е обидот за киднапирање со цел да се предизвика паника.

– Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот. – велат од СВР ШТИП.

Дали се работи за лажна тревога и што точно се случило во Карбинци утринава треба да покаже истрагата, но врие и на социјалните мрежи. Родители постојано објавуваат статуси и прашуваат дали е нормално автомобил со регистарски ознаки од друг град да кани ученичка на кафе и како всушност се вика оваа појава, ако не е обид за киднапирање.

И додека цела држава сè уште е во шок поради киднапирањето и убиството на 14 годишната Вања од Скопје, се поставува прашањето, што всушност се случува во земјава и на кое ниво е безбедноста во државата.

Извор. https://24.mk/details/spored-gradonachalnikot-obid-za-kidnapiranje-vo-karbinci-a-spored-policijata-pokana-za-kafe-na-uchenichka

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.