Србија обезбеди милијарда долари од ОАЕ со три отсто камата, Вучиќ – „практично подарок“

news
Advertisement

Обединетите Арапски Емирати и Србија потпишаа договор, според кој Белград ќе добие една милијарда долари под исклучително поволни услови, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Advertisement

Вучиќ, кој е во дводневна посета на ОАЕ, за ТВ Пинк изјави дека според тој договор Србија добива една милијарда долари „под неверојатни услови“, и оцени дека тоа е „практично подарок“.

Веќе во јануари доспеваат обврските од старите кредити што треба да ги вратиме, сега со солвентноста што ја имаме обезбедуваме целосна ликвидност“, рече тој.

Тој додаде дека тоа било голема помош и би се заштедило многу пари.

Вучиќ, кој е во посета на ОАЕ на покана на шефот на таа земја, шеикот Мухамед бин Зајед, потсети на одличните односи меѓу двете земји и им се заблагодари на ОАЕ за поддршката.

Според него, секогаш кога е тешко, Србија може да се потпре на ОАЕ.

Тој рече дека Србија ќе добие финансиска поддршка со половина од каматната стапка од онаа по која се задолжуваат западните земји и тоа, како што наведе, е огромна поддршка за домашниот буџет и финансии.

Тој додаде дека членките на ЕУ, како Унгарија и Романија, се задолжуваат со каматна стапка од шест отсто.

Тој изрази очекување дека Србија ќе постигне „стендбај“ аранжман со Меѓународниот монетарен фонд и дека таму ќе обезбеди дополнителна поддршка.
/lokalno.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.