Среде војна на исток и криза на запад, Орбан им вети на Унгарците: Секој еден ќе има работа!

news
Advertisement

Унгарската влада ќе ја задржи економската стабилност следната година и ќе ги задржи ограничувањата на растот на цените на енергијата за домаќинствата, иако Европската унија се лизга кон економска криза, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Advertisement

На денот кога земјата ја одбележува годишнината од востанието против советската влада во 1956 година, Орбан рече дека следната година ќе има повеќе предизвици, пренесе Ројтерс.

– Војна на исток и економска криза на запад – им порача Орбан на приврзаниците во Залаегерсегу, кој се наоѓа на околу 200 километри западно од Будимпешта, додавајќи дека во ЕУ има финансиска криза и економски пад.

Тој посочи дека Унгарците во 1956 година научиле дека е потребно единство во тешки времиња.

– Ќе ја зачуваме економската стабилност, секој ќе има работа. Семејствата нема да бидат оставени сами на себе – нагласи Орбан.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.