„Среде трка ми замрзна пен..от. Беше ужасно“

news
Advertisement

Швеѓанецот Кале Халфварсон се здоби со необична повреда за време на натпревар во скијачко трчање во Финска. На Халфварсон му замрзна пенисот на трката на 20 километри во Рука. Температурата, во текот на тркат била 15 степени под нулата.

Advertisement

Ми се замрзна пенисот. Морав да лежам во шаторот десет минути за да го загреам. Страшно ме боли. Страшно е. Најлошото нешто што може да ви се случи”, рекол шведскиот скијач.

„Почувствував дека нешто не е во ред во шестиот од осумте кругови. Ми се случи еднаш претходно на истата трка. Среќа што наскоро ќе имам уште едно дете бидејќи ќе биде тешко ако продолжам вака .

И покрај овој проблем, Халфварсон беше најдобриот Швеѓанец на трката и заврши на 18. место.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.