Advertisement
Advertisement
Позитивната енергија и насмевката се нејзин заштитен знак, а ова лето одлучи да ги спои убавините на Македонија со убавината на моментот.
Популарната ТВ водителка Александара Пановска Илиевска блеска во летно издание прошетувајќи низ живописните улички на Охрид.
„Животот е подарок. Живеј го! Уживај во него! Радувај му се! Исполни го!“ – напиша таа, испраќајќи силна порака за благодарност и уживање во секој миг.
Со лежерна комбинација од тексас и нежно сини панталони, таа ја покажа својата препознатлива едноставна, но шик естетика.
Охрид, со својата вечна убавина, и насмевката на Александара, се совршена комбинација која потсетува дека понекогаш најубавите моменти се наједноставните.
Advertisement