Српски медиуми: Марија Шерифовиќ збеснала бидејќи дознала дека нејзината партнерка ја изневерува, си ја повредила раката

news
Advertisement

Српските медиуми не престануваат да пишуваат за инцидентот кој неодамна се случил среде Белград, во чиј центар беше српската пејачка Марија Шерифовиќ. Викендов на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа и слуша како Шерифовиќ вика и удира со тупаници по својот автомобил среде Белград, расправајќи се со непознато лице. Имено пејачката си ја повредила раката удирајќи во автомобилот. Неколку дена по инцидентот кој се случил ноќта меѓу 8 и 9 август, Марија на настап се појавила со рака во завој. Иако тогаш тврдеше дека се повредила додека ѝ помагала на мајка си, српските медиуми пишуваат дека повредата настанала кога со раката удрила во автомобилот. Сега се појавија и гласини кои тврдат дека Марија збеснала затоа што наводно „нејзината партнерка во автомобилот ѝ признала дека ја изневерила“.
„Конфликтот настанал поради класична љубомора. Марија била со пријателката и партнерката во автомобилот. Сè било во ред до моментот кога нејзината партнерка признала дека ја изневерила. Тогаш Шерифовиќ „полудела“. Таа изгубила контрола, го запрела возилото за да не предизвика сообраќајна незгода“, изјави за српски „Курир“ непознат извор. „Ќе ти ја е*ам мајката“, се слуша на почетокот на видеото, по што Марија се доближува до својот автомобил и го удира со тупаница. До неа имаше жена која се обидуваше да ја смири. „Одговори ми“, се слушна кога Марија влезе во автомобилот. Викендов за инцидентот се огласи и пејачката која откри што се случило.
„Иако тоа не е ничија грижа, добив некои лоши информации на приватен план. Единствениот на кој треба да му се извинам е мојот автомобил и сите што можеби сум ги разбудила“, изјави Марија за српски „Курир“.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.