Ставревски, Тодоровиќ, Канческа-Милевска можат да куртулат за „Скопје 2014“, Кривичниот законик може да им донесе среќа

news
Advertisement

Газдата на „Тинес“ и ексградоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, како и ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за финансии Зоран Ставревски можат да се спасат од одговорност за „Скопје 2014“. Ова е благодарение на измените на Кривичниот законик со кој се намалуваат казните за злоупотреба на службена положба и овластување и злосторничко здружување, а со тоа, делата побрзо застаруваат.

Advertisement

Доколку обвинителот Љубомир Лапе поднесе обвинение дека обвинетите сториле некое од овие две дела за кои веќе кажа дека се сторени во 2013 година, тие ќе се спасат од одговорност оти делата застаруваат годинава односно 2023 година. Пред измените, делата застаруваа во 2043 година.

Последните информации за овој случај беа дека треба време за да се допие меѓународна правна помош пред да се донесе јавнообвинителска одлука. За тоа време, на слобода излегол и ексградоначалникот Владимир Тодоровиќ кој беше во куќен притвор.

Груевски, Ставрески, Канческа – Милевска, Тодоровиќ, Виолета Аларова, како и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев заедно со уште девет лица се осомничени за злоупотреба на службена должност и перење пари.

Во истрагата се вклучени и седум компании од кои три се фирми регистрирани во Италија, а едно од физичките лица опфатени во истрагата е државјанин на Италија.

Во истрагата на обвинителството „Феникс“ опфатени се 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои еден италијански државјанин и три италијански компании. Се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење на пари за изработка на најголемите споменици од „Скопје 2014“ – воинот на коњ, спомениците на Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Методија Андонов – Ченто, Цар Самоил, Гемиџиите, Цар Јустинијан, прво заседание на АСНОМ и споменик за основачите на ВМРО и лавовите.

Извор: https://skopje1.mk/archives/245166

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.