СТАВ: Што е „посилно“ – баклавата или вапцаното јајце?

news
Advertisement

Ќе има ли наскоро воопшто некој да се крсти или клања на Шапка или насекаде во Македонија и региониот? Како сме тргнале – тешко!

Advertisement

Кога политичарите немаат аргументи да ги оправдаат своите криминали, корупција, неуспесите….тогаш почнуваат да не „палат„ нас, македонските граѓани, Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци…сите ние кои заедно опстојуваме на оваа географска долзина и ширина, а живееме под исконскиот покрив вековно наречен Македонија.

Смел сум да кажам дека сум прво горд на мојата ТВ екипа која го посети „спорниот“ крст на нашата Шара, и при тоа разговаравме со сите оние кои сакаат да си живеат и да се радуваат на она малку што ни остана за радување – семејствата, роднините и соседите.

Горд сум и на нашите сограѓани од сите етникуми, со кои се прашуваме: Зарем е некому важно, дали некој се крсти или дали некој се клања?

Сите ние има исти органи,имаме срце, душа, имаме ист Креатор како и да го викале, но имаме нешто најважно – се имаме себе си!

Не смееме да дозволиме разни политичари да ни ја разнишаат секуларноста, па затоа од утре, за секој оној политичар од централна или локална власт кој ќе коментира верски објекти или обичаи и ќе се закани со нивно рушење или бранење или некаква забрана – ќе заработи кривична пријава од мене – ќе побарам од ОЈО да се произнесе со став по допрен глас – дали ја нарушуваат секуларноста на Македонија! Јас сум убеден дека ја нарушуваат, и ќе треба да понесат и морална и политичка но и законска одговорност.
Доколку има нешто сомнително со одреден објект, постојат институции пред се на локално, па на централно ниво кои треба да проверат дали верските објекти се градени според законската номенклатура.
Но никако не според – политичката!

Погледнете го прилогот на моите колеги од Канал 5 ТВ, и запрашај те се – дали наскоро ќе има некој воопшто да се крсти или клања , не само на Шапка, туку во Македонија и регионот.

Зарем дојдовме до тој момент кога е важно дали е посилна баклавата или вапцаното јајце?

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.