„Стоп за уништување на земјата“: Жителите на cредно Коњари пред влада

news
Advertisement

Жителите од Средно и Горно Коњари денеска и пред Влада побараа да престане уништувањето на животната средина во нивната околина и да се раскине концесијата за ископ на песок, затоа што им се уништува квалитетот на живот.

Advertisement

Со мирен протест и транспаренти со цитати за земјата и животната средина тие до Владата алармираат за неконтролираниот површински ископ на песок и чакал во близина на реката Пчиња.

Проблемот со кој се соочуваат трае повеќе години и има прекршувања на договорот од страна на концесионерот.

Таму има прекршувања на договорот од страна на концесионерот, се прави поголем ископ и поголема штета од она што е дозволено, изјави Сенад Самиќ, претседател на месната заедница Средно Коњари на протестот кој пред 10 дена се одржа во селото.

Извор: https://republika.mk/vesti/makedonija/stop-za-unishtuvane-na-zemjata-zhitelite-na-sredno-konari-pred-vlada/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.