Сторија која ја потресе Македонија: Ненадејно почина 35 годишен Македонец, зад себе остави пет мали деца за кои мајката не сака да се грижи

Сторија која ја потресе Македонија: Ненадејно почина 35 годишен Македонец, зад себе остави пет мали деца за кои мајката не сака да се грижи

news
Advertisement

Advertisement

Роднина на пет мали дечиња, братучетка на нивниот ненадејно починат татко бара помош од сите хумани луѓе . Роднината, чие име ѝ е познато на редакцијата на Канал 5 на апликацијата за помош GoFundMe апелира до сите хумани луѓе за помош на нејзините пет внучиња. „Трагично, мојот братучед, 35-годишен, почина во сон (мозочен удар), оставајќи 5 мали деца на возраст од 3 до 8 години: Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона. Тој беше единствениот вработен во семејството; мајката ги оставила децата пред 3 години и не е заинтересирана да се грижи за нив. Помогнете му на ова семејство со трошоците за погреб и финансиска помош за децата. Социјалната помош ќе биде тешко остварлива некое време бидејќи мајката не е во земјава. Децата моментално живеат со баба со хендикеп и помлад вујко, тие сакаат да ги задржат и посвојат децата. Сè што ќе им биде од помош, им треба храна, медицинска нега, платена комунална услуга, облека итн. Ви благодарам и Бог да ве благослови.“ стои во објавата на роднината.

Advertisement