Во голема тага, синоќа во Општата болница Велес беше донесено починато шестгодишно дете од Градско. Детето имало здравствени проблеми, а лекарот на Детското одделение ја констатирал смртта без видливи траги на насилство.
На местото на настанот пристигнала увидна екипа од СВР Велес, а по насоки на јавен обвинител телото е предадено за обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Случајот ја потресе локалната заедница, а надлежните апелираат за почитување на приватноста на семејството во овие тешки моменти.