Струмичките спасувачи во Турција: Спасивме двајца, извлековме 100 починати

news
Advertisement

Стравични глетки и градови речиси срамнети со земја, ваква е првата слика што ги дочекала македонските специјални сили кои вчера пристигнаа во Турција и активно се вклучени во спасувачката мисија. Дел од македонскиот тим се и осуммина пожарникари од Струмица. Тие се наоѓаат во градот Адијамен кој според кажувањата на тим лидерот Вернер Стоилов е целосно разурнат, а бројот на загинати постојано расте. Од десеткатницата на која работеле цела ноќ преживеале само двајца, а над 100 лица го загубиле животот.

Advertisement

Пожарникарите од Струмица остануваат на терен и се додека има малку надеж ќе вложат максимални напори да извлечат што поголем број живи луѓе.

Пожарникари од Струмица се приклучија и на вториот македонски конвој кој вчера замина во подрачја погодени од земјотресот во Турција и Сирија. Тимот е под ингеренции на Дирекцијата за заштита и спасување, а е составен со специјално обучени спасувачи од неколку општини.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.