минатогодишната прерана смрт на хирургот, ја додели првата стипендија на Ирена Ванчовска од Прилеп, студентка на штипскиот Медицински факултет. Таа лани за 5 дена ги загубила двајцата родители во ковид пандемијата, па заедно со сестра и останале со минимални примања недоволни за живот и студирање.
„Стипендијата ми е од големо значење. Ќе ја добивам до дипломирањето и мислам мислам дека ќе ги покривам сите трошоци што ќе ги имам до крајот на студирањето, па затоа многу сум благодарна на овие хумани луѓе“, вели Ванчовска која е втора година на Факулетот по медицински науки, насока фармација.
„Сакаме со една ваква хуманитарна активност да не бидат заборавени делата на големиот човек Симон Василев, да останат меѓу младите, а помошта што ќе се дава и во иднина ќе биде наменета на студенти кои навистина имаат потреба од тоа“, рече сопругата на Симон, Мирела Василева.