Судот реши за 71 годишниот од Битола кој заклучи дете во стан

news
Advertisement

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 71 годишен од Битола, кој се товари дека на 25 септември, во својот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно дете. Тој го заклучил детето во станот и го извршил делото.
Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Advertisement

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 71-годишник на 25 септември, во својот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно дете, кое го заклучил во станот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.