СУПАТА СЕ ОЛАДИ ДОДЕКА СТЕФАН И ЈОВАН СЕДНАТ ДА ВЕЧЕРААТ Нова пропуштена можност за целосно помирување на МПЦ-ОА и ПОА

news
Advertisement

По којзнае кој пат во период од неколку месеци пропуштена е нова шанса за целосно црковно помирување и за конечно придвижување на прашањето за интегрирање на Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

Advertisement

Викендов, сите очи беа вперени кон Нови Сад, Србија. Таму, во дворот на Соборниот храм се одвиваше свечен чин – канонизација на светите бачки маченици и на епископот Св. Иринеј (Ќириќ) исповедник на верата, а со светата архијерејска литургија началствуваше српскиот патријарх Порфириј во сослужение со многубројни архијереи на Српската православна црква (СПЦ) и на сестринските помесни цркви.

На неделната литургија учествуваа тројца владици од Македонската православна црква (МПЦ-ОА) – Тимотеј, Петар и Агатангел, а интересно е тоа што по цели две децении поминати од Нишкиот договор, кога, впрочем и „пукна тиквата“ и започна црковниот раскол во Македонија, заедно на една иста литургија, рамо до рамо со архијереи на МПЦ-ОА, служеше и поглаварот на ПОА, г.г. Јован, како и двајцата епископи – Давид и Марко.
Ова несомнено претставува нов и важен момент во процесот на помирување, бидејќи на претходните две заеднички литургии (првата помирувачка заедничка литургија во Белград на 19 мај и втората заедничка литургија во Скопје на 24 мај), поради нечие инсистирање, на архиепископот г.г. Јован не му беше дадена можност да сослужува, туку само да присуствува во олтарот.

Овојпат работите се прилично променети, а срцата на скараните браќа полека почнуваат да се одмрзнуваат и да се прилагодуваат на стандардна собна температура. И токму поради тоа подобрување на односите, очекувањата на многумина беа дека оваа нивна средба во Нови Сад ќе вроди со плод, односно дека конечно ќе биде направен макар и неформален разговор околу интеграцијата на владиците од ПОА во МПЦ-ОА.

Но, такво нешто не се случило. Како што дознаваме од високи црковни извори, за време на официјалниот престој во Нови Сад, но и за време на неофицијалните и неформални меѓусебни дружби помеѓу архијереите на МПЦ-ОА и на ПОА, никој воопшто не се ни обидел да ја отвори темата за решавање на недозволената и неприфатливата состојба во земјава, каде се активни две канонски православни цркви на една иста територија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.