С.Македонија ја повлече согласноста за почесен конзул на Русија во Битола

news
Advertisement

Заменик-директорот на Одделот за информации и печат на руското МНР, Иван Нечаев реагираше на, како што се наведува, одлуката на нашата држава да не дозволи да се именува почесен конзул на Русија во Битола, иако претходно било прифатено.

Advertisement

„Властите на Северна Македонија официјално известија за повлекување на согласноста за воспоставување на функцијата почесен конзул на Руската Федерација во градот Битола. Ништо не се кажува за мотивите за овој чекор – очигледно, тие не можеа да се формулираат поради нивно јасно отсуство.Нема сомнеж дека ова е повторно политички набиен, непријателски гест. Овој напад против нас има за цел да го продлабочи јазот во руско-северномакедонските односи, формиран врз основа на зависното однесување на Северна Македонија, за да ја покаже слепата лојалност на оваа балканска земја кон западните сојузници, нивната политика на санкции и брутален притисок на Русија.За жалење е што овојпат институцијата почесен конзул се жртвува за антирускиот курс во Скопје, иако помага да се развијат меѓучовечките контакти, да се поддржат луѓето и бизнисите. Очигледно не се грижат премногу за сопствените интереси и предизвикуваат наш одговор, кој секако ќе следи“, стои во реакцијата на руското МНР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.