Во тешка сообраќајна несреќа во Њујорк загина Србинката Тамара Лападатовиќ. „32-годишен маж и 35-годишна жена загинаа откако мотоциклот со кој се возеле удрил во Toyota RAV4 во близина на 3-та авенија и улицата E. 103 во Менхетен околу 4:43 часот“, соопшти полицијата. „Таа беше вистинска душа, секогаш зрачеше со позитивност и топлина. Откако се пресели во Њујорк во 2017 година, таа донесе радост на сите околу неа, соочувајќи се со животот со насмевка и непоколеблива добрина. Таа беше сакана сестра, ќерка и пријател“, пишува на странивата која собира пари за нејзиното семејство. Нивниот план е да соберат пари за да го пренесат нејзиното тело назад во Србија. „Секој придонес, без разлика колку е мал, ќе направи разлика. Да се здружиме да ги поддржиме оние што ги сакаше. Ви благодариме за вашата добрина и дарежливост“, се вели во објавата на платформата за собирање средства.

Тамара (35) и нејзиното момче загинаа во тешка несреќа во Америка: Семејството собира пари за транспорт на телото
Advertisement
Advertisement
Advertisement