Таравари: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе најде коалициски партнер од редот на Албанците

news
Advertisement

ДУИ може да биде победена на избори и досега била победувана на локалните избори. Проблемот е што се врши притисок врз граѓаните и се вршат различни манипулации, вели Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за Албанците во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.

Advertisement

-Ние заеднички со ВМРО-ДПМНЕ поднесовме иницијатива за промена на мнозинството во парламентот затоа што оваа партија тогаш ја промени реториката, се извини за 27 април, и направивме иницијатива и за меѓусебна поддршка за локалните избори. Левица не ја сметам, но без Левица ние имавме 61 пратеник. Кастриот Хаџиреџџа исчезна тој ден на гласањето па останавме 60 на 60. Инаку Кастриот беше еден од оние кои инсистираше да се соберат потписи за да се симне ДУИ од власт, вели Таравари.

Потоа, вели Таравари, ВМРО-ДПМНЕ го смени начинот на говор, а Алијанса се дистанцираше по што ВМРО-ДПМНЕ преку Данела Арсовска почна да соработува со т.н. огнена група од ДУИ.

-Таа има сериозни проблеми во функционирањето како човек, има карактерни проблеми. Има проблеми со сите и не знам со кого соработува. Времето ќе покаже, вели Таравари и додава дека во времето кога Алијанса соработувала со ВМРО-ДПМНЕ неговата партија немала избор.

Сега после една година, вели Таравари, ќе и биде тешко на ВМРО-ДПМНЕ да најде коалициски партнер од редот на албанските партии.

-ВМРО-ДПМНЕ е влезено во орото на Левица околу која се вртат некои македонски националисти. Не знам колку се тие луѓе, но ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги привлече кај себе. Поради нив тешко дека ќе можат да најдат друг коалициски партнер освен ДУИ, вели Таравари.

Тој вели дека се сретнал со Ковачевски и се разговарало за повеќе закони кои се заглавени во парламентот, но други луѓе разговарале и за можноста за влез на Алијанса во владината коалиција. Таравари вели дека премиерот Ковачевски побарал од него да ги поддржат законите со европско знаменце. Од другата страна било побарано да се поддржат антикорупциски закони.

Таравари вели дека пратениците на Алијанса ќе ги гласаат уставните промени сеедно дали се позиција или опозиција и без оглед на тоа кога ќе се најдат на дневен ред.

Во врска со употребата на јазиците Таравари смета дека македонскиот јазик треба да остане македонски јазик, а албанскиот јазик треба да биде внесен во уставот – не како сега со формулацијата „јазикот што го говорат 20 отсто од населението“.

За потенцијалниот влез на Алијанса во Владата, Таравари вели дека има и добри и лоши страни, иако според него има повеќе лоши страни. Нивната цел доколку влезат во владата е да покажат дека има и друг начин на владеење.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.