Таравари купил куќа на атрактивна локација во Скопје за само 576 евра за квадрат

news
Advertisement

Лидерот на Алијанса за Албанците и актуелен Градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари станал сопственик на голем имот за неверојатно ниска сума од 150 475 евра, објавува АЛФА.

Advertisement

На социјалните мрежи се појави информацијата за куќа од 261 м2 која се наоѓа во Општина Карпош во главниот град , а истата како недвижен имот е запишана и во анкетниот лист на Таравари. Она што отвора сомнеж за вистинитоста на податоците наведени во анкетниот лист е ниската цена на куќата , со оглед на тоа дека во овој дел од Скопје најниските цени за квадрат на стан е 1400 евра, а за куќа дури и повеќе.

Во објавата која се појави на Твитер, се прашува Дали е реална цената, кога и од кого Таравари ја купил куќата?

Според имотните листови објавени на сајтот на ДКСК, Таравари најверојатно ја стекнал куќата од кога станал градоначалник, бидејќи оваа недвижнина ја нема во анкетниот лист кој го пријавил кога бил Министер за здравство. На директните прашања кои се упатени до Таравари, тој за сега не се произнесе.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.