Таравари против испраќањето на Димовски за амбасадор во Париз: Бара Пендаровски да реагира

news
Advertisement

Ако Димовски сепак биде именува, Таравари повикува да реагира француската страна. САД го одбија Љубомир Фрчковски, а ЕУ ја одби Арифи, рече тој додавајќи дека посакува и се надева оти и Франција ќе го направи истото со Димовски. Негодување за испраќање на поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, за амбасадор во Франција, искажа денеска в.д. претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари.

Advertisement

Иако земјава веќе го има добиено агреманот од Париз за Димовски, Таравари бара да реагира претседателот Стево Пендаровски. Доколку тоа не се случи, повикува Франција да го одбие.

„Барам од претседателот Пендаровски да го отфрли указот на Димовски од причините кои штотуку ги наведов. Од претседателот на државата се очекува да го заштити државниот интерес и односите со сојузниците, а не да го спушти нивото на преговори меѓу политичките партии за компромитиран и недостоен поединец за амбасадорската функција. Доколку сепак Димовски биде именуван, ги охрабруваме нашите француски пријатели да не го прифатат како амбасадор во Париз“,

рече Таравари.
САД го одбија Љубомир Фрчковски, а ЕУ ја одби Арифи, рече тој додавајќи дека посакува и се надева оти и Франција ќе го направи истото со Димовски.

На прес-конференција, в.д. претседателот на АА побара МВР итно да го објави и извештајот од истрагата за одговорност во АНБ за издавањето на државјанство на Олександр Онишченко, што се случи во период кога Димовски беше на чело на безбедносната агенција.

Покрај скандалот со Онишченко, според Таравари, Димовски е неподобен и недостоен за амбасадорската функција и поради други причини.

„Минатото на Димовски предизвикува загриженост кога станува збор за неговите блиски односи со Србија, истакнати од нашите американски партнери, а сега веќе познати и на јавноста. Понатаму, како директор на АНБ, Димовски е препознатлив по издавањето на безбедносни сертификати на корумпирани лица и што се под истрага“,

рече Таравари.
Тој негодува за испраќањето на Димовски и затоа што тврди дека АНБ во негов мандат им ускратила право на 20 000 граѓани да се стекнат со македонско државјанство.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ досега неколку пати побара Димовски да се испраќа за амбасадор.

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, пак, вчера најави дека за ова прашање во наредниот период очекува да направи консултации со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Тој рече дека нема да се чека извештај од истрагата, бидејќи она што треба да се донесе е политичка одлука.

Ќе оди ли Димовски за амбасадор во Париз: Османи најави консултации со Пендаровски и Ковачевски

Претседателот Пендаровски пред еден месец излезе со став дека ако се утврди дека Димовски е одговорен за издавањето македонско државјанство на Онишченко, тој нема да оди за амбасадор во Париз.

Ако се утврди дека Димовски од АНБ е одговорен за Онишченко, нема да оди амбасадор, вели претседателот

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.