Татковци во тајност: Oвие јавни личности неодамна станаа родители далеку од очите на јавноста

Татковци во тајност: Oвие јавни личности неодамна станаа родители далеку од очите на јавноста

news
Advertisement

Татковци во тајност: Oвие јавни личности неодамна станаа родители далеку од очите на јавноста

Advertisement

Во време кога јавноста е гладна за секој приватен момент од животите на познатите, неколку македонски јавни личности решија својата најголема радост да ја задржат – за себе. 

Без медиумска помпа, фотографии од породилиште или емотивни објави на Инстаграм, тие станаа татковци… во тајност.

Прв кој ја изненади јавноста со информација што буквално одекна како гром од ведро небо беше пејачот Влатко Лозаноски – Лозано. Иако одамна миленик на публиката, Лозано досега вешто го чувал своето татковство далеку од очите на јавноста. Синот Марко го доби во октомври минатата година, но до денес, ниту една официјална потврда, ниту јавна објава не ја потврди веста – освен блиски извори кои ја споделија радоста од доаѓањето на новиот живот.

По него, уште еден познат ерген ја пречека својата нова животна улога – Жарко Димитриоски – Жаре, водителот на популарното шоу „Еден на еден“. Тој првпат откри дека станал татко дури пет месеци по раѓањето на неговата ќерка, со емотивна изјава полна љубов и благодарност.

-Нашата ќерка има има само пет месеци и веќе е најголемата радост во нашиот живот и мало сонце кое ни го осветлува секој ден. Гледаме како расте, уживаме и посакуваме секој да доживее таква радост- изјави за Женски магазин Димитриоски. 

И третиот во низата, кој ја дополни оваа тивка, но среќна генерација нови татковци, е Тино Костадиновски од популарното стенд-ап дуо „Атанас и Тино“. Во свој стил, со хумор и искреност, Тино во подкастот на Стефан Лазаров проговори за предизвиците, убавините и новата перспектива што ја носи татковството.

„Јас темата за воспитување многу си ја сакам и пред да влезе во ‘Натпросечен Македонец’ беше дел од друг стенд-ап. Да, многу си ја сакам. Откога добив дете, сфатив дека ќе треба да го воспитувам и почнав да размислувам на темата.  Го кажав тоа на стенд-апот, низ цел свет кажувам, така и ја почнувам темата дека „откога ми се роди дете почнав да размислувам за воспитување“. И како флеш ми се врати цел живот наназад, а приказната е дека ми се дереле и ме тепале, дека татко ми ме акал од земја. Поткован сум, најдобро знам да правам гу-гу-гу-гу. Но, има многу корисни работи, ете, на пример спиење. Во текот на денот на бебето ќе му посветиш доволно време, внимание, ќе си направиш систем за спиење, следиш wake window кај бебето – колку е будно, кога треба да спие. Кога ќе го добиеш детето, ти треба да го научиш да спие навечер, тоа самото не знае“, вели Тино во поткастот.

Очигледно, новата мода меѓу македонските јавни личности не се скапите свадби и гламурозни ергенски забави, туку интимноста и автентичноста – особено кога станува збор за најважната улога во животот: улогата на родител.

РЖМ – Г.Д.Г

Advertisement