ТВ 24 дознава: Таткото на хоспитализираното девојче од Струмица бил пријавен за обид за убиство на сограѓанин

news
Advertisement

Четиригодишното девојче од Струмица, кое со инфицирани рани и скршени ребра заврши на детската клиника во Скопје е во стабилна сосотојба, прима редовна терапија, почнала сама да јаде, а за понатамошниот третман се очекува одлука од хирурзи-потврдува директорката Валентина Цвејоска Чолаковска.

Advertisement

Со девојчето во болница е нејзината мајка со која работат социјални работници и ќе оди на курсеви за мајчинство.

Во меѓувреме, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Зоран Манев за тв 24 вели дека за останатите две деца обезбедено е згрижувачко семејство, а најмалото ќе биде сместено во Домот за доенчиња и мали деца Битола.

– Децата имале само тековен број на раѓање, но истите не биле запишани во Матичната евиденција, а ние како орган за старателство издадовме решенија за упис на лично име и презиме со цел обезбедување на Извод од матична книга на родените и здравствена заштита. Во соработка со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село обезбедено е згрижувачко семејство за двете деца, а за најмалото согласно календарската возраст обезбедено е сместување во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола и истите во наредните два дена ќе бидат превземени од семејството на дедото каде се сместени и ќе бидат сместени во соодветно згрижувачко семејство и Мајчин дом Битола. Таткото кој што не е евидентиран како татко на децата и истиот не е запишан во матичната евиденција е фантом, е на издржување на казна затвор. – вели Зоран Манев-директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Струмица.

Од СВР Струмица тврдат дека досега нема ниту една пријава против таткото за семејно насилство. Извори за ТВ 24 пак велат дека таткото на четиригодишното дете, во 2016-та бил пријавен за обид за убиство, бил дел од тешки кражби и одземање на моторни возила. Од Основното јавно обвинителство остануваат на ставот дека обезбедуваат податоци за статусот на таткото кој е на издржување затворска казна, дали му биле одобрувани викенд отсуства со цел да се види кој би можел да биде предизвикувач на повредите на девојчето.

Обвинителството наредило и увид и проверка на условите во куќата во кое живеело семејството. Истрагата треба да утврди како четиригодишното девојче е доведено во состојба на неухранетост, колку долго живеело со повредите и дали се последица од напад на куче како што првично кажала мајката.

Извор. https://24.mk/details/tv-24-doznava-tatkoto-na-khospitaliziranoto-devojche-od-strumica-bil-prijaven-za-obid-za-ubistvo-na-sogra-anin

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.