„На која основа го поканивте министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ да се обрати на денешниот состанок на Советот на безбедност (СБ) на Обединетите нации (ОН)?“
Вакво прашање му упати рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензи, на премиерот на Албанија, Еди Рама кој претседаваше со вчерашната сесија на Советот за безбедност на ОН, противејќи се Османи да се обрати пред Советот.
„Ние се спротивставувме на присуството на министерот за надворешни работи на Македонија и за тоа го информиравме Албанското Претседателство со Советот за безбедност. Доколку Албанското Претседателство со СБ му дозволи на господинот Османи да се обрати, веруваме дека тој може да ги изрази само консензуалните позиции на ОБСЕ. Мoрам да потенцирам дека ОБСЕ, поради деструктивниот пристап на западните сили, на никој начин не придонесува во процесот на решавање на состојбата во Украина, туку само ја влошува“, рече Небензи.
Извор: https://24.mk/details/tenzichno-otvoranje-na-sovetot-za-bezbednost-vo-njujork-rusija-se-sprotivstavi-na-prisustvoto-na-osmani