Тепачки низ цела држава, се пресметувале со сопруги, полицајци и малолетници

news
Advertisement

Полицискиот билтен денеска нотира десетина тепачки низ целата држава, при што забележано е дека сопруг нападнал сопруга, тепани биле малолетници, се тепале и познаници поради нетрпеливост, а физички се пресметувале со полицајци.

Advertisement

Утрово во 00:15 часот Н.З.(47) од село Горна Бањица пријавил дека на 30.12.2022 околу 23.30 часот во Гостивар неговиот син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Во 00:10 часот, утрово на бул.“Видое Смилески-Бато“ од полициски службеници од Полициската станица Аеродром бил приведен Н.Ј.(22) од Скопје поради тоа што на 30.12.2022 околу 23:20 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром физички нападнал двајца малолетници, а потоа и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 17:00 часот било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.М.(43) и М.К.(48), двајцата од Скопје. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Утрово во 02:00 часот во с.Стајковци-скопско од полициски службеници од Полициската станица Гази Баба бил приведен С.П.(42) од с.Кучевиште-скопско поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Утрово во 01:20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(36) од Скопје поради тоа што на 30.12.2022 околу 23:30 часот физички ја нападнал неговата 40- годишна сопруга. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 15:00 часот Д.В.(45) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Синоќа во 19:10 часот В.К.(54) од Куманово пријавила дека во Куманово била физички нападната од С.С.(50) од Куманово. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 13:30 часот било пријавено дека во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Б.В.(44) и Н.С.(38), двајцата од Куманово. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 18:37 часот Ф.К.(64) од Дебар пријавил дека во Дебар по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од А.Л.(20) и А.Л.(25), двајцата од Дебар. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во 14:25 часот Н.А.(54) од с.Голем Папрадник-Центар Жупа вчера пријавил дека бил физички нападнат од З.Д.(72) од истото село. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 16:00 часот Г.П.(53) од Р.Грција пријавил дека во с.Кравари-битолско на паркинг пред маркет бил физички нападнат од М.Х.(29) од с.Жабени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 21:50 часот З.М.(52) од Струмица пријавил дека пред угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од В.Г. од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрово во 00:20 часот било пријавено дека на 30.12.2022 околу 23:45 часот во угостителски објект во Велес малолетник од општина Чашка бил физички нападнат од Х.К.(32) од с.Горно Оризари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.