Тестирајте се: Каков е вашиот сексуален темперамент

news
Advertisement

Моделот на двојна контрола на сексуалната реакција се состои од два дела:

Advertisement

Систем на сексуална побуда (ССП). Тоа е гасот на вашата сексуална реакција. Тој добива информации за сексуално релевантните стимули во опкружувањето – за она што го гледате, слушате, можете да го помирисате, допирате, јадете или замислувате – и испраќа сигнали од мозокот кон половите органи на кои им порачува „возбуди се!“.

Системот на сексуална побуда постојано го скенира вашиот контекст (вклучувајќи ги вашите мисли и чувства) и бара нешто што е сексуално релевантно. Тој е секогаш активен, и тоа длабоко под нивото на свеста. Значи, не сте ни свесни за него сè додека се возбудите и добиете желба за секс.

Систем на сексуална инхибиција (ССИ). Тоа е вашата сексуална сопирачка. Во овој случај „инхибицијата“ не подразбира срамежливост, туку невролошки сигнали за „исклучување“. Сопирачката функционира слично како и гасот. Таа ги забележува сите потенцијални опасности во опкружувањето – сè што гледате, слушате, можете да помирисате, допирате, јадете или замислувате – и испраќа сигнали што велат „исклучи се!“.

Исто како што гасот го скенира опкружувањето во потрага по она што ве возбудува, така и сопирачката бара нешто што вашиот мозок го толкува како добра причина да не се возбудите во конкретниот миг – ризик од заразување со полово преносливи болести или несакана бременост.

Задачата на сопирачката е да нè спречи да бидеме, на пример, непристојни и да се возбудиме среде деловен состанок или додека вечераме со семејството. Тој систем исто така го исклучува прекинувачот ако, на пример, среде секс детето случајно влезе во собата.

Дури и вака штуро претставената идеја има голема моќ, бидејќи веднаш можете да ја замислите комплетната сексуална функција – и комплетната сексуална дисфункција – како рамнотежа (или нерамнотежа) меѓу сопирачката и гасот. Ако имате проблем со која било фаза на сексуалната реакција, дали причината за тоа е недоволно поттикнување на гасот? Или, пак, сопирачката е премногу поттикната?

Најчеста грешка на лицата што тешко постигнуваат оргазам или не чувствуваат сексуална желба е претпоставката дека им недостига гас, но поголема е веројатноста проблемот да е во пресилната сопирачка. Кога ќе востановите дали имате проблем со гасот или со сопирачката, ќе знаете што треба да смените.

Тестирајте се: Каков е вашиот сексуален темперамент

Пополнете го прашалникот за сексуалниот темперамент за да стекнете претстава за тоа колкави ви се сопирачките и гасот. Сепак, немојте да мислите дека станува збор за егзактна наука. Тој ќе ви помогне само полесно да сфатите како може да влијае вашиот внатрешен механизам на сексуална реакција на вашата реакција на сексуалната стимулација, при што ќе добиете само приближна процена.

Особено имајте на ум дека постојат два вида сопирачки – некои лица тешко се возбудуваат поради внатрешните стравови (на пр. потребно им е многу време за да се возбудат), додека на други повеќе влијаат стравовите од надворешните фактори (на пр. можноста да добијат полова болест или некој да ги види дека имаат секс). И двете сопирачки можат да ви ја намалат способноста за возбудување или да ве спречат да се возбудите.

Инхибитори (ССИ)

Запишете го бројот на одговорот што најдобро ве опишува.

Ако не се „поклопи“ сè, тешко ми е сексуално да се возбудам.

0 1 2 3 4

Кога сексуално ќе се возбудам, дури и дреболија може да ме попречи.

0 1 2 3 4

Мора да имам доверба во партнерот за сексуално да се возбудам.

0 1 2 3 4

Ако сум загрижена за тоа дали ќе се возбудам и колку време ќе ми треба за да постигнам оргазам, тоа може да ме спречи сексуално да се возбудам.

0 1 2 3 4

Понекогаш се срамам или сум несигурна за време на сексот, па не можам целосно да се возбудам.

0 1 2 3 4

На крај, соберете ги запишаните броеви.

Легенда:

0

Воопшто не е точно

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *