Тетовец го нападнал 90-годишниот татко, полицијата го приведе

news
Advertisement

Полицијата приведе тетовец кој го нападнал својот деведесетгодишен татко.

Advertisement

„Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 69-годишниот тетовец С.А.. Тој, претходно бил пријавен дека се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот деведесетгодишен татко“, информираат од СВР Тетово.

С.А е во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *