Тетовка тешко повредена во сообраќајна несреќа

news
Advertisement

На 14.12.2022, во 21.45 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата Илинденска во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот гостиварец М. П., и патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б. А. (42) од тетовска Голема Речица.

Advertisement

Во несреќата сопатничката од возилото „мерцедес“, Р. С. (54), добила тешки телесни повреди, а другите двајца сопатници од истото возило телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.