Тешка сообраќајка вечерва: Загина 11-годишно детенце, а мајката е тешко повредена

news
Advertisement

11-годишно детенце загина, а мајката е тешко повредена во сообраќајна незгода која вечерва се случи во Велес. Сообраќајката се случила на пешачки премин во близина на училиштето Васил Главинов. Според првичните информации возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата.

Advertisement

Неофицијално на местото на несреќата пронајдени се регистарските таблички на возилото, а полицијата трага по сторителот на сообраќајната незгода.

Од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјална потврда на настанот и повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден, но на социјалните мрежи веќе се зборува за несреќата: Во Велес некоја гнаса со бел Мерцедес удрило 11 годишно дете и неговата мајка на пешачки премин. Детето на лице место починува, мајката се бори за живот. Копилето избегало

Статистичките податоци говорат за постојан пораст на процентот на сообраќајни незгоди во кои се жртви деца, и тоа најчесто како индиректни учесници во сообраќајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.