Тешка сообраќајка во Кочани: Четворица повредени, двајца малолетни

News

На 20 декември, околу 05:35 часот, патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.С. (25) од с. Прибачево, излетало од коловозот на локалниот пат с. Оризари – с. Прибачево, кај место викано „Бели бандери“.

Во несреќата, тешки повреди се здобиле сопатникот Т.Ј. (25) и двајца малолетни сопатници, додека возачот имал телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Кочани.

Кај возачот е утврдено дека управувал под дејство на алкохол, со измерени 1,39 промили алкохол во крвта.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кочани, а причините за несреќата се во тек на истражување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *