Тешка сообраќајка, најмалку тројца загинати

news
Advertisement

Тешка сообраќајка, најмалку тројца загинати

Advertisement

Три лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Во раните утрински часови денеска се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот Карловац – Риека, помеѓу тунелот Свети Марко и раскрсницата Новиград на Добра, известија од СВ Карловац.

Индекс.hr. известува дека се судриле комбе и автомобил. Станува збор за комбе со унгарски регистерски таблички и автомобил со риечки таблички.

„Јутарњи лист“ објави неофицијална информација дека во несреќата учествувало комбе „Мицубиши“, кое најверојатно превезувало имигранти. Во возилото со седум седишта биле возачот и 11 патници.

Возачот на возилото починал на лице место, а сопатниците се здобиле со повреди.

Во меѓувреме загина и брачниот пар кој патувал со возилото „Алфа Ромео“ со риечки регистарски таблички. Детето кое било со нив во автомобилот се здобило со повреди.

Инаку, заедно со полициските екипи на местото на настанот е присутен и државниот правобранител

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.