Тешко претепан шумски полицаец во Кавадарци, имал три отворени рани на главата!

news
Advertisement

Кавадарчанец, вработен како шумски полицаец, бил тешко повреден синоќа околу 23 часот на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци.

Advertisement

Од СВР Велес рекоа за МИА дека имаат регистрирано случај со повреден кавадарчанец, но повеќе детали најавија дополнително во текот на денот.

МИА се обрати и до кавадаречката Брза помош.

– Лицето се здобило со потешки телесни повреди, со три отворени рани на главата. Од кавадаречката болница, повредениот беше пренесен до Клиниката за неврохирургија во Скопје, заради крварење во главата, изјави доктор Ратко Грков, началник на Итна медицинска помош Кавадарци.

Според првичните сознанија, полицаецот не бил на должност и веројатно бил претепан од лица кои претходно биле фатени во кражба на дрва.

Извор:

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.