Тешко пристапен терен, дупка од три метри и грозоморни траги од убиството на Панче Жежовски

news
Advertisement

За долг од 500 евра. Ова е, според истражните органи, причината за убиството на 74-годишниот фризер Панче Жежовски. Исчезнува од својот дом во месноста Весела Долина, на влезот на Велес, во периодот помеѓу 21 ноември попладнето и 22 ноември утрото, кога муштерика на која требало да и прави фризура, не го нашла дома.

Advertisement

Неговите блиски откриле дека го нема на 24 ноември, кога влегле во заклучениот дом, во чија соба греалката се уште била вклучена. Веднаш го пријавиле неговото исчезнување. Во полиција рекле дека со Панче го нема и неговиот автомобил. Полицијата го лоцирала телефонот на фризерот, но првично не успеала да го најде.

Дали Жежовски бил насилно одвлечен од домот или некако бил измамен, па тргнал со убијците, истрагата не соопштува. Откако полицијата им влезе во трага, тројца од петтемина осомничени, од кои двајца се од Велес, признале дека го убиле Жежовски и го закопале во дупка, во атарот на селото Рудник, кое се наоѓа веднаш над зимскиот пункт на Македонија пат, викан Пуста кула, кај автопатот Велес – Скопје.

Потоа, со стариот Цитроен на Жежовски најверојатно продолжиле кон Скопје по стариот пат, бидејќи, според министерот Спасовски, возилото не е забележано на ниту една камера, се до 27 ноември. Тогаш, со истиот автомобил во Скопје е грабната Вања Ѓорчевска, по два и пол часа и убиена, а попладнето, во атарот на скопското село Бразда, автомобилот е пронајден запален. Телото на младото девојче вчера е најдено на неколку десетина метри од местото каде што беше пронајдн и запалениот цитроен.

Извори за ТВ 24 тврдат дека колата била запалена на професионален начин, бидејќи од неа останало само железо, а поилицијата ја идентификувала само поради тоа што отпаднала една регистрација и не изгорела. Панче Жежовски во последните 30 години беше политички активен, прво како член на Работничката партија, а потоа и во партијата на Јанко Бачев. На неколку изборни циклуси беше и кандидат за градоначалник на Велес.

ИЗВОР. https://24.mk/details/teshko-pristapen-teren-dupka-od-tri-metri-i-grozomorni-tragi-od-ubistvoto-na-panche-zhezhovski?fbclid=IwAR0JCzKPR7VwlRYdXougNpZm-lzdNzF5WZgtFwoIBGKym03AYgBkAATZFKc

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.