„Те сакам сине“ – емотивна фотографија од Детската клиника во Белград стана вирална на интернет

news
Advertisement

Фотографија од детската клиника во Белград, се прошири брзо на социјалните мрежи. „Те сакам сине“ е пораката напишана на снег, која таткото ја испраќа на своето дете што се личи на Детската клиника.

Advertisement

Фотографијата ја сподели докторот Владимир Ѓуриќ кој напиша дека ништо повеќе не восхитува на оваа планета од креативноста на луѓето кои имаат мака.

На магијата на луѓето кои имаат „свое зошто“ и кои можат да го издржат „било кое како“. Дури и да најдат начин за да го осмислат својот живот, да го обојат и разубават…колку и тоа да е можно. Одамна знам дека поголеми херои нема“, напиша тој под фотографијата.

Стотици коментари под објавата велат дека станува збор за емотивна фотографија и додаваат дека ние, родителите имаме обврска да направиме се, за да внесеме радост и да го разубавиме животот на дечињата, особено кога тие се борат со сериозни предизвици во животот.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02mZrhiaHCCNPVvu4RiDhDdaPbUTYdYRN5bgg6WqcDRNdKdSyiTWzsBhgTe2qcBx5Sl&id=100064523359618&mibextid=Nif5oz

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.