„Титаник 2“ е завршена приказна за Мијалков – му застаре делото

news
Advertisement

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, од денеска е слободен човек и за предметот „Титаник 2“. Нему му застари делото за кое се гонеше поврзано со изборни нерегуларности на изборите во 2013 година бидејќи поминаа 10 години од денот кога беше обвинет дека го сторил.
Сега, во овој предмет, ќе им се суди само на лидерот на ДПА Мендух Тачи и останатите обвинети, за кои седница на Апелација е закажана за шест дена (13 април). За овој предмет двапати се изрекуваше пресуда од Кривичен суд, бидејќи Апелација во 2019 година ја укина.

Advertisement

Од шест предмети кои се водеа против Сашо Мијалков, четири се целосно решени. Тој доби ослободителна пресуда за „Тортура“, за „Плацеви на Водно“ затворската казна му беше заменета за условна,

Единствената правосилна затворска казна Мијалков ја доби за случајот „Империја“ во кој се спогоди со обвинителството. Тој одлежува три години, во затворот од отворен тип во „Струга“, каде затворениците имаат право на работно отсуство и практично само преспиваат во ќелиите. И натаму на Мијалков му се суди за „Трезор“ и „Таргет тврдина“ (предметот за прислушувањето) – кои се далеку од правосилна пресуда, додека „Таргет-тврдина“ е се поблиску до застарување.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.