Тој се фали а цел Свет му се смее. Што му купил Лукашенко на Путин за роденден

news
Advertisement

Белорускиот претседател Александар Лукашенко откри што му купил на својот руски колега и долгогодишен пријател и сојузник, Владимир Путин по повод 70-от роденден на рускиот претседател. Подарокот бил специфичен – трактор.

Advertisement

Сертификатот за тракторот Лукашенко му го врачил на Путин во Санкт Петербург на состанокот на лидерите на неколку поранешни советски републики.

Тракторите се гордост на белоруската индустрија уште од советско време. Лукашенко им кажа на новинарите дека во својата градина користи модел на трактор сличен на оној што му го дал на Путин.

Во својот телевизиски говор на почетокот на средбата, Путин не го спомна подарокот.

Тој зборуваше за потребата да се разговара за начините за решавање на конфликтите меѓу поранешните советски републики и ја истакна потребата од размена на информации во борбата против тероризмот, трговијата со дрога и други форми на криминал.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.