Трагедија во Македонија: Млад маж пронајден починат во подрум, познат неговиот идентитет

news
Advertisement

Во полицијата синоќа околу 19:30 часот било пријавено дека во подрумски простории во зграда во изградба на улица „Маршал Тито“ во Валандово бил пронајден починат Д.М.(37).

Advertisement

Според информацијата од СВР Струмица, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Од првичните информации на телото на починатиот немало траги на насилство, а најверојатно причина за смртта е пад од повисок дел на зградата во изградба.

Од полицијата не соопштуваат повеќе детали, освен дека по извршената обдукција ќе се знаат причините смртта на валандовчанецот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.