Advertisement
Трагедија – Изгоре куќа во Тетовско – едно лице го загуби животот
Advertisement
Куќа во село Рогле во општина Желина била зафатена од пламен и како последица на тоа животот го загубило постаро лице кое било неподвижно, јавува Монитор.мк.
Оваа информација ја потврди и началникот на тетовската противпожарна заштита Авни Амети.
Причините за пожарот не се познати, додека деталите се очекува МВР да ги соопшти во наредните часови.
Advertisement