Трагедија на вчерашниот концертот на Калиопи, почина жена во публика

news
Advertisement

Прекинат е концертот на Калиопи во ,,МТС дворана” во Белград, бидејќи пред самиот почеток на настанот и се слошило на жена во публиката. По доаѓањето на итната помош реанимацијата траела околу 30 минути, но жената починала – пренесуваат српските медиуми.

Advertisement

Како што појаснуваат, станувало збор за жена на возраст од околу 70 години од Македонија, која заедно со ќерка и и пријатели дошла на концертот.

Салата беше евакуирана, а присутните и Калиопи беа видно потресени, известуваат тамошните медиуми.

Калиопи не може да се соземе по трагедијата. Постојано плаче. Концертот е одложен“, пишува „Гранд нова“.

Полицијата во моментов е на местото на настанот, а како што пренесуваат медиумите, пејачката моментално дава изјава.

Да потсетиме, Калиопи неодамна истакна дека доаѓањето во Белград за неа е секогаш посебно.

„Доаѓањето овде секогаш го доживувам одново и секогаш се прашувам што е тоа што може да ме изненади во Белград, а секогаш има нешто. Кога луѓето ќе ме сретнат овде, реагираат многу спонтано, ми се обраќаат како на свој, како да се познаваме, како стари познаници и тоа е она што најмногу ме импресионира. Тогаш знам дека се’ што сум направила за четири децении работа и понатаму остава трага. Драго ми е што чувствуваат потреба да ми пријдат и да кажат збор, во тој момент се чувствувам привилегирана и благословена“, изјави таа.

Концертот требаше да биде осми по ред на Калиопи во Белград во тек на нејзината кариера, а втор во ,,МТС дворана”.

Калиопи е очајна и во солзи, бидејќи наводно ја познавала жената и цело време останала покрај нејзината ќерка и нејзините пријатели, а концертот е откажан и салата е целосно испразнета, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата бргу пристигнала на лице место и извршила увид, по што македонската пејачка била повикана во полициска станица за да даде изјава.

По немилиот настан се огласија со свое официјално соопштение и организаторите на концертот на Калиопи, кој требаше да се одржи во салата на МТС, во кое се вели:

„Поради непредвидени околности концертот на Калиопи закажан за вечерва се одложува, а новиот датум на концертот ќе биде објавен подоцна. Сите купени влезници за вечерашниот концерт ќе важат и за новиот термин. Подетални информации во најкраток можен рок ќе бидат објавени во соопштение за медиумите кое ќе биде достапно и на веб-страницата на салата МТС, како и на социјалните мрежи. Ви благодариме на разбирањето.

Извор: https://libertas.mk/tragedi-a-na-koncertot-na-kaliopi-pochina-zhena-vo-publika/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.