Трагичен крај на потрагата: Мелиса (2) пронајдена мртва два дена по нејзиното исчезнување

news
Advertisement

Малата Мелиса (2) од Германија, која исчезна во неделата попладне, е пронајдена мртва, потврдија властите.

Advertisement

Нуркачите во вторникот наутро го пронашле телото на двегодишното девојче од околината на Зигмаринген.

Мелиса исчезна во неделата околу 17 часот, а потрагата по неа траеше повеќе од 40 часа.

По нејзиното исчезнување, започна голема потрага, а селаните ја бараа во текот на ноќта и покрај малите шанси за успех.

Во вторникот наутро десет нуркачи се вратија во реката Лаучер. Тие пребарувале пет километри долг дел од реката до вливот во Дунав во близина на Зигмарингендорф. Го откриле телото на детето.

„Билд“ пренесува дека постои сомневање дека девојчето паднало во реката на неколку метри од куќата на нејзините родители.

„Кучето трагач го почувствува мирисот на Мелиса. Патеката завршуваше кај реката“, изјави портпаролката на полицијата Даниела Баер (44).

Родителите на Мелиса дошле од Молдавија во Германија, а според локалните жители, семејството се преселило таму пред две години.

Полицијата ја запечати куќата, а детективите ги обезбедија доказите. Полицијата се уште претпоставува дека се работи за трагична несреќа, нема докази за кривично дело.

Родителите пријавиле дека Мелиса незабележано ја напуштила куќата во неделата попладне. По час и половина неуспешна потрага, полицијата била алармирана околу 18.30 часот.

ИЗВОР. https://lokalno.mk/tragichen-kraj-na-potragata-melisa-2-pronajdena-mrtva-dva-dena-po-nejzinoto-ischeznuvanje/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.