Трагична несреќа во центарот на Скопје – Багер прегази 66 годишна жена

news
Advertisement

66 годишна скопјанка утрово загина откако во неа удри возач со багер на пешачки премин. По констатирање на смрт од страна на екипа на Брза Помош, телото на жената е дадено на обдукција.

Advertisement

Засега нема официјално соопштение од надлежните за кривична постапка против 42 годишниот возач на работното возило.

– Увидот на полицијата кој се уште е во тек, треба да покаже како дошло до тешката сообраќајна несреќа во која градежна машина усмрти жена на улицата Јордан Мијалков. Жената која го изгуби животот по удар од багер е втора жртва на скопските улици за неполни 24 часа. Синоќа загина и малолетничка во Шуто Оризари откако во неа удрил 45 годишен возач со мерцедес. Девојчето во несреќата се здобило со тешки повреди и починало на пат кон болница.

Почитување на сообраќајните правила е апелот од МВР по црниот билтен за само еден ден.

– Покрај репресивните, МВР прави и превентивни акции. Разговараме со граѓаните колку е важно да се почитуваат правилата. Еве кога не се почитуваат, имаме несреќа во која има и смртен случај. Затоа за да се избегне тоа мора да ги почитуваме правилата, вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Статистиката на МВР покажува дека во летниот период има поголем број на сообраќајни несреќи.

– Кога градот е празен, улиците се празни и тогаш побрзо се вози и може да дојде до несреќи со потешки последици за разлика кога има метеж и кога овие сообраќајќи завршуваат или само со материјална штета или со полесни повреди. Влијаат и временските услови, кога е топло се губи концентрација и затоа мора да се почитуваат правилата, вели Ангеловски.

Во текот на вчерашниот ден во Скопје биле изречени 258 сообраќајни санкции од кои 59 за возење над дозволеното, 18 немале возачка а 16 зборувале на мобилен додека го управувале возилото.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.