Тренчевска: Преку издржани и аргументирани решенија до нов закон во кој приоритет се правата на работниците

news
Advertisement

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на втората јавна расправа за Законот за работни односи која се одржа во Струмица. На расправата присуствуваа претставници од синдикатите, меѓународните организации и работодавачите. Од страна на работната група која работеше на Законот за работни односи беа презентирани пред присутните новитетите кои треба да придонесат кон поголеми права на работниците.

Advertisement

Министерката го истакна нејзиното уверување за креирање на закон со кој ќе се носат добри решенија а сепак ќе ги следат Европските стандарди како и реалните потреби на пазарот на труд на територијата на Република Македонија.

До донесувањето на Законот за работни односи ќе бидат одржани уште 7 јавни дебати на територијата на целата држава со цел вклучување на сите чинители кои се засегнати од законот. (МИА)

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.