Advertisement
Како што информираат од МВР, вчера во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје, возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од четириесет и двегодишниот А.К. од с.Бањане, скопско, удрило во пешакот триесет и седумгодишниот Д.Ѓ. од Скопје.
Advertisement
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.
Advertisement