Тринаесет лица од струмичко добија кривична пријава за напад врз службено

news
Advertisement

Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицата биле задржани во полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица
Денеска, полициски службеници од Секторот а внатрешни работи Струмица лишиле од слобода 12 лица, меѓу кои и едно малолетно лице од струмичкото село Баница и едно лице од селото Градско Балдовци откако доцна синоќа во атарот на селото Баница, насилно запреле полициско возило кое било управувано од полицаец од СВР Струмица и кој извршувал службени задачи по што го нападнале возилото со дрва, бетон и метални предмети, по што следел физички напад врз полицаецот со повеќе предмети.

Advertisement

„Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицата биле задржани во полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица”,

велат од МВР.
Против нив е поднесена кривична пријава поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 став 3 од Кривичниот закон и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.